Потсетување за настапите на нашите три преостанати олимпијци и нивните настапи:
8. август (12:00 часот) МИЛЈАНА РЕЉИЌ – таеквондо (до 57 кгр).
„Чуството да се биде Олимпиец за мене пред се буди чувство на задоволство да се преставува нашата земја на најголемиот спортски настан.
Чувството е навистина прекрасно после толку вложен труд, подеми и падови“, истакнува Рељиќ.
Речиси и да немаше настап на кој Милјана во текот на 2023-та и 2024-година, не освои медал. Таа беше редовно меѓу оние кои се искачуваа на пиедесталот.
„Настапот на Олимпијада е сон на секој спортист и најголемото спортско натпреварување. Последните четири години напорно трениравме и секој ден сон ни беше настапот на Олимписките игри и сега кога се оствари чувствувам дека можам да направам и одличен резултат, да донесам медал“,
вели Милјана.
8. август (11.30 часот) ВЛАДИМИР ЕГОРОВ – борење (слободен стил до 57 кгр).
„По одлуките на ИОК во врска со спортистите од Русија и Белорусија, Обединетото светско борење (UWW) денес го извести Македонскиот олимписки комитет дека Олимпискиот стипендист на МОК, Владимир Егоров како највисоко рангиран борач од Олимписките квалификации во Баку, Азербејџан и како сè уште неквалификуван борач (слободен стил, категорија 57 килограми), со “А“ олимписка норма ќе може да настапи на Олимписките игри ПАРИЗ 2024.
Оваа извонредна вест значи дека уште еден македонски спортист, овој пат со “А“ олимписка норма ќе настапи на Олимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 26 Јули до 11 Август 2024 година.
Честитки до Владимир Егоров и сигурни сме дека во Париз ќе го покаже и ќе го даде своето најдобро“,наглаија од МОК.
10. август (08.00 часот) ДАРИО ИВАНОВСКИ – атлетика (маратон).
Дарио Ивановски (27) од Скопје, е професионален атлетичар, кој се натпреварува на средни и долги патеки. Ова момче на 10 август ќе трча на маратонот, а дотогаш ги завршува своите подготовки во Париз и постојано тренира за да биде во врвна форма, а тренингот му се состои од околу 25. километри дневно .
Да им посакаме среќа на нашите претставници на ООИ во Париз!
Фото: Принтскрин/Facebook