Јелена Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели видео каде гордо го покажува златниот медал што нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ го освои на Олимписките игри во Париз.
Се разбира, таа беше исклучително среќна за успехот на нејзиниот сопруг. Таа за оваа церемонија избра елегантен краток фустан и отворени потпетици. Изгледот го комплетираше со накит. Како и секогаш, таа се одлучи за едноставна шминка и фризура.
„Зад секој успешен маж стои жена“, „Браво Јецо. Златото на Ноле е исто толку твое“, „Поубаво не можеше! Преслатка си во твојата среќа“, се дел од коментарите.
View this post on Instagram
Ѓоковиќ (2. АТП) го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во финалето го совлада Карлос Алкараз (3. АТП).
Финалето траеше речиси три часа, а во сетови беше 7:6, 7:6 за 37-годишниот Ѓоковиќ, кој со тоа стана најстариот освојувач на златен олимписки медал.
View this post on Instagram
„Имам милијарда емоции. Премногу сум горд што го донесов златото за Србија. Ова е мој најголем спортски успех во животот“, изјави тој за РТС.
Фото: Принтскрин/Instagram