(ФОТО) Одмора во Дубровник – Ѓоковиќ се вратил во Хрватска и на улица ги изненадил минувачите и возачите со необичното издание

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри одмара во Дубровник, а утрово ги изненадил жителите на овој хрватски град, особено возачите.
Имено, Ѓоковиќ активно ја одржува формата и за време на одморот, а решил да трча на тротоар во близина на многу фреквентен пат. Во меѓувреме се појави фотографија на која се забележува дека Новак додека трчал бил гол до половина.


Ова не е прв пат Новак да доаѓа во Дубровник. Имено, тенискиот ас бил виден пролетта оваа година во Ревелин по концертот на Северина, а во јули минатата година Ѓоковиќ исто бил во Дубровник.
Потоа со својата јахта вплови во пристаништето Груја, каде го пречекал директорот на пристаништето во Дубровник, Жељко Рагуж, кој го пречекал.
Ѓоковиќ наскоро ќе ги започне подготовките за УС Опен каде ќе има можност да ја освои 25. Грен слем титула, а иако на Олимпијадата во 2028 година ќе има 41 година, Ѓоковиќ не ја отфрли можноста повторно да се натпреварува.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Шерифовиќ и приреди роденденско изненадување на својата мајка, а таа лееше солзи: „Сакаш да умрам”? 

„Долго време размислував како да те израдувам за роденден. Минатата година, иако полнеше 60 години, …