(ФОТО) Од турски имигранти до светски научници: Ова е љубовната приказна на брачниот пар кој стои зад вакцината против корона вирус на „Фајзер“

Зад вакцината за короната на компаниите Pfizer и BioNTek, која е успешна дури 90. проценти, стои брачна двојка по потекло од Турција. Денес, милијардери, двајцата не се штедеа да создадат вакцина за короната и со тоа да дадат надеж на милиони ширум светот, а со години тие се толку посветени на науката што беа во лабораторија дури и на денот на нивната венчавка.

 


View this post on Instagram

 

BioNTech liefert den größten deutschen Hoffnungswert gegen Sars-CoV-2. Als einer der ersten steht der Impfstoff des Mainzer Unternehmens vor der Zulassung. Nach „ermutigenden Daten“ aus den klinischen Studien hat der Impfstoff BNT162b2 es als erster deutscher Beitrag und zweiter überhaupt ins Zulassungsverfahren der europäischen Arzneimittelbehörde geschafft. Das Mainzer Unternehmen BioNTech und der Pharmakonzern Pfizer teilten gestern in einer Pressemitteilung mit, ihr Impfstoff biete einen mehr als 90-prozentigen Schutz vor der Krankheit Covid-19. Ich bin zuversichtlich, dass den ehemaligen Kollegen aus der Universität Mainz| Experimentelle Onkologie – Özlem Türeci und Uğur Sahin mit ihrem Beitrag Bahnbrechendes im Kampf gegen COVID-19 gelingen wird. Chapeau! Was für eine großartige Leistung. #sciencematters #covid_19 #özlemtüreci #uğurşahin #biontech #mrnavaccine


A post shared by Dr. Enise Lauterbach (@esinekalos) on


Веста дека експерименталната вакцина против коронавирусот на американскиот фармаколошки гигант Pfizer и германскиот BioNTech има 90% ефект во спречување на ковид 19 е оценета како историска. Зад таа вакцина што може да го промени светот стојат физичарите Угур Сахин (55) и Озлем Туречи (53), кои биле поврзани од љубовта кон науката.
До овој огромен успех, Сахин започнал од скромно опкружување. Сепак, тој успеал да изгради компании вредни две милијарди долари, пишува Дејли Меил.
Денес, Сахин, кој е на чело на БиоНТек, и неговата сопруга Озлем, која претходно била во бордот на директори на компанијата, се тим од соништата.

Сахин е роден во Турција а пораснал во Германија, каде што неговите родители работеле за Форд. Откако студирал медицина, тој станал професор и истражувач кој се фокусирал на имунотерапија. Преку работа, тој ја запознал и својата идна сопруга, исто така имунолог, ќерка на турски физичар кој емигрирал во Германија. Таа еднаш рекла дека двајцата ја споделиле страста за истражување и наука толку силно што дури и на денот на нивната венчавка, нашле време да бидат на работа, во лабораторија.
Со претприемачкиот живот започнале во 2001 година кога ја основаа „Ganymed Pharmaceuticals“ за развој на антитела против рак, но Сахин, кој тогаш предавал на Универзитетот во Мајнц, никогаш не се откажал од истражувањата.
Двајцата во 2008 година ја основале компанијата БиоНТек со цел подобро да развијат имунотерапија за третман на рак. Фондацијата на Бил Гејтс вложила 55. милиони долари во нивната компанија, која покрај рак работи и на програми за ХИВ и туберкулоза.

И иако тие се исклучително успешни научници и милијардери, Сахин и Туереци се, според сите проценки, многу скромни. Тој сè уште доаѓа на работа со својот велосипед, а неговите колеги велат дека е многу смирен и одмерен, дека сака да чита научни списанија.
Според германскиот весник Welt am Sonntag, двајцата се меѓу 100-те најбогати Германци, но сепак се многу скромни. Нивниот соработник, Матијас Кромајер, вели дека Сахин знае на деловна средба како да дојде во фармерки, во рацете носејќи шлем за велосипед и ранец.
Нивната вакцина за корона може суштински да го промени текот на оваа пандемија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тајната за младешки изглед оваа Нова година

Со приближувањето на Новата година, многумина од нас размислуваат за нашите рутини и размислуваат за …