(ФОТО) Објавиле добра вест – Макс Ферстапен и Кели Пике чекаат дете: „Не можевме да бидеме посреќни за нашето мало чудо“

Холандскиот возач на Формула 1 Макс Ферстапен и неговата партнерка, бразилската манекенка Кели Пике, преку социјалните мрежи објавија дека чекаат дете.
Макс и Кели рано утринава објавија фотографија од нејзиниот труднички стомак на Инстаграм, со натпис „Мини Макс Ферстапен-Пике“ е на пат. Не можевме да бидеме посреќни за нашето мало чудо”. Нивната објава за кратко време надмина милион лајкови.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Max Verstappen (@maxverstappen1)


Ова ќе биде нивно прво дете, а Кели веќе ја има ќерката Пенелопе од врската со поранешниот Ф1 возач Даниил Квјат. Девојката е многу приврзана за Макс, што може да се види за време на нивните јавни настапи, а понекогаш и за време на стримовите на Ферстапен.
Кели е ќерка на познатиот Ф1 возач Нелсон Пике.
Ферстапен ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1 оваа година.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …