Познатиот магазин Maxim ја објави својата годишна листа на 100 најсекси жени во светот. Maxim секоја година ги издвојува 100-те најатрактивни жени во светот, од филмската и музичката до модната индустрија, а оваа година на врвот на листата се најде Ешли Греам, најпознатата плус-сајз манекенка.
View this post on Instagram
Ешли на својот Инстаграм објави дека е избрана за најсекси жена на светот, а тоа што поисполнета жена е на врвот на листата на најатрактивните во светот воодушеви многумина, а токму Ешли е одговорна за фактот дека жените денес се чувствуваат удобно во своето тело без разлика на конфекцискиот број.
„Ешли Греам, кралицата на облините, е здив на свеж воздух во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсетува дека тајната не е само во прифаќањето на вашите облини, туку и во прифаќањето на себеси каков што си“, велат во текстот за оваа убавица која беше откриена на 12 години во трговски центар.
„Ешли е уметничко дело кое оди. Да беше Ботичели жив денес, таа ќе беше неговата Венера“, додале од Maxim. Ешли има преку 20 милиони следбеници на Инстаграм, на кои секојдневно им порачува дека мора да го прифатат своето тело, без разлика на големината и обликот. Во 2021 година роди близнаци и гордо позираше гола и објави немонтирана фотографија.
View this post on Instagram
Жените на листата не се само убави, туку и мултиталентирани, пишува Maxim.
Покрај убавината, тие имаат и успешни кариери, некои зад себе имаат огромен успех, додека други се само во нагорна линија.