Марија Спасовска повторно го освои интернационалното жири на Интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“ кој се одржа во Охрид и Битола од 14.08.2018 до 18.08.2018
Од 105. учесника од 18. различни земји од Европа, Марија Спасовска пред 18. членото жири успеа да се претстави во најдобро светло. Таа на 18.08.18 на Гала концертот кој се одржа во Битола свечено беше прогласена за „Best Voice“ од Претседателот на Интернационалното жири, кој покрај Пехарот Ѕвезда што и’ го додели И’ додели и школарина за вокална техника во Романија. Марија во Април 2019. ќе престојува во Романија и ќе ги усовршува своите вокални способности и техники. Покрај ова Марија Спасовска освои Специјална награда Пехар и Диплома во својата категорија во која се натпреваруваше и дополнително веќе со доделена акредитација ќе ја претставува Македонија на нови два фестивала во Швајцарија и Полска.

(ФОТО) Нови успеси на младата Марија Спасовска:„Best Voice“ на интернационален фестивал и школарина за усовршување!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.