Иако Кејт Мидлтон можеби не била со принцот Вилијам за време на неговата неодамнешна посета на Јужна Африка, принцот ја увери јавноста дека неговата сопруга е добро.
Наследникот на британскиот трон бил прашан за состојбата на Кејт додека присуствувал на годишната награда Earthshot во Кејп Таун. Иако не се очекувало тој да одговори на прашањето, тој зборувал за нејзината сила и упорност.
View this post on Instagram
Кејт во септември откри дека завршила со хемотерапија и дека е свесна дека патот до целосно закрепнување ќе биде долг. Сепак, според новите информации, се чини дека Кејт ќе мора да и се извини на јавноста што лажела за нејзиниот рак.
Sky News пренесува дека Вилијам на службено патување изјавил дека Кејт неодамна открила дека завршила со хемотерапија, откако на почетокот на годината и биле пронајдени преканцерозни клетки.
Инаку, преканцерозните клетки се клетки кои имаат малиген потенцијал и имаат способност да станат канцерогени. Тоа не значи дека такво сценарио ќе се случи, најчесто не се случува, но важно било брзо да се реагира за да се спречи формирање на тумори.
View this post on Instagram
Исто така, за разлика од канцерогените, преканцерозните клетки не ги напаѓаат околните ткива и не се шират на оддалечените органи.
Многумина на социјалните мрежи ги коментираат новите информации за наводниот рак на принцезата и наведуваат дека доколку информациите за преканцерозните клетки се точни, повеќе нема лесно да им веруваат на зборовите на Кејт.
„Таа рече дека има рак, но испадна дека само постои можност да стане рак“, „Затоа не ѝ падна косата, тоа беше некаква блага хемотерапија“, „Не знам во што да верувам повеќе“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/Instagram