Брус Вилис е опкружен со семејството на новата фотографија и изгледа среќно…
Семејството на Брус Вилис сподели нови негови фотографии за Денот на благодарноста.
Ќерките на актерот, Талула и Скаут, објавија фотографии на Инстаграм со нивниот татко како држи подарок со наслов „Најдобар татко на сите времиња“.
– Благодарни – напишаа во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Брус Вилис е татко на ќерките Румер (36), Скаут (33) и Талула (30) со поранешната сопруга Деми Мур и има две ќерки – Мејбел (12) и Евелин (10) со сопругата Ема Хеминг Вилис.
Семејството на Брус во март 2022 година изјави дека му била дијагностицирана афазија пред Ема подоцна да потврди, во февруари 2023 година, дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).
– Оваа болест е погрешно дијагностицирана, промашена, погрешно е разбрана, така што конечното поставување на дијагнозата беше пресудно за да можам да научам што е фронтотемпорална деменција и да ги едуцирам нашите деца. Никогаш не сум се обидела да им „зашеќерам“ било што на нив.
Фото: Архива