(ФОТО) Новак Ѓоковиќ не планира да ги слуша докторите?!

Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас се сретнаа во четвртфиналето на олимпискиот тениски турнир, а по вистинска драма, поради нова повреда на коленото, Ноле кажа нешто што не се памети во спортот.
Да потсетиме, по тенискиот трилер, Ѓоковиќ успеа 11-ти пат по ред да го победи Циципас, иако губеше со 0:4 во вториот сет и иако го повреди неодамна оперираното колено, а потоа даде неколку кратки интервјуа.

Во едно го бакнал крстот и се молел на Бога да биде се во ред, во второто повеќе зборувал за следниот, неочекуван ривал, а за американскиот NBC истакнал – дека ќе игра дури и ако лекарите кажат дека не треба!
Во интервју за една позната медиумска станица од Соединетите Американски Држави, тој прво истакнал дека проблемот со коленото е „веќе видено“ чувство, како кога го скинал менискусот за време на Ролан Гарос.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


– Се надевам дека овојпат не е така. Не знам. Искрено сум загрижен – изјавил Ноле и нагласил дека ги чека проценките на лекарскиот тим пред настапот во полуфиналето.
А потоа, прави мал шок, како нереална потврда за тоа колку му е важно да освои медал за Србија:


– Дури и ако докторот рече дека не е во ред, веројатно ќе излезам на теренот и ќе се обидам да играм. Тоа се многу ретки прилики да се бориш за медал за својата земја, затоа ќе дадам се што е можно во следните 24 часа да се доведам во позиција да се борам за медал за Србија – нагласил Новак Ѓоковиќ.

Играњето со тешко повредено колено не е ризик само за исходот на еден ваков натпревар, туку и за продолжување на кариерата. Може да се стави крај во случај на драстично влошување на повредата, особено што целата ситуација со коленото и тоа колку е свежа – операцијата беше извршена во Париз, на 5 јуни, односно пред неполни два месеци.

Но…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Ако Ноле навистина се осмели да го направи тој потег, да ѝ пркоси на евентуалната лекарска препорака да не игра, без разлика колку е опасно – тоа би била само слика за неговата решеност да го оствари единствениот неостварен тениски сон: да стане олимписки шампион како член на српската репрезентација.

Фото: Принтскрин/eurosport

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

36-ти Охридски Староградски Средби 2024

Вечерва, пред платото на НУ Центар за култура “Григор Прличев” во Охрид, со почеток во …