Рафаел Надал вчера го најави своето пензионирање од тенисот. Честитки и комплименти славниот Шпанец доби од сите страни, а еве како Новак Ѓоковиќ реагираше на веста дека неговиот голем ривал повеќе нема да биде дел од тениските случувања…
„Рафа, еден пост не е доволен за да ја изразам почитта што ја имам кон тебе и она што го направи за нашиот спорт. Инспирираше милиони деца да почнат да играат тенис и мислам дека тоа е веројатно најголемото достигнување што некој може да го посака. Твојата истрајност, посветеност, борбеност ќе се учи со децении. Твоето наследство ќе живее вечно. Само ти знаеш што требаше да издржиш за да станеш икона на тенисот и спортот воопшто. Ти благодарам што ме туркаше до самата граница толку многу пати во нашето ривалство што најмногу влијаеше на мене како играч. Твојата страст за претставување на Шпанија отсекогаш била извонредна. Ти посакувам најдобро можно збогување во Малага со Дејвис куп тимот на Шпанија. Ќе бидам таму лично за да оддадам почит на вашата ѕвездена кариера“, напиша Новак Ѓоковиќ на Фејсбук.
Фото: Facebook