НОВАК Ѓоковиќ според многумина е најдобриот тенисер на сите времиња. Тоа го покажуваат бројните рекорди кои ги поседува, а сега се појави и една информација која исто така го потврдува сето тоа.
Имено, Ноле има подобар меѓусебен учинок од секој играч кој освоил „голема титула“ од 2011 година.
За такви трофеи се сметаат оние освоени на Грен слем турнирите, на Мастерсите (натпревари од серијата 1000), како и на завршните турнири на крајот на годината, каде што се натпреваруваат осумте најдобри од таа сезона.
Вкупно 28 тенисери освоиле барем една титула од 2011 година, било на Грен слем, или на Мастерс или на завршниот турнир – Ноле и тие 27, а Ѓоковиќ има повеќе победи отколку порази против сите 27.
Еве и како изгледа
Учинокот на Новак Ѓоковиќ против освојувачите на „големите титули“ од 2011 година до сега
Ѓоковиќ – Надал 31:29
Ѓоковиќ – Федерер 27:23
Ѓоковиќ – Мареј 25:11
Ѓоковиќ – Ферер 16:5
Ѓоковиќ – Вавринка 21:6
Ѓоковиќ – Цонга 17:6
Ѓоковиќ – Дел Потро 16:4
Ѓоковиќ – Чилиќ 19:2
Ѓоковиќ – Чориќ 4:0
Ѓоковиќ – Зверев 8:4
Ѓоковиќ – Тим 7:5
Ѓоковиќ – Димитров 12:1
Ѓоковиќ – Изнер 10:2
Ѓоковиќ – Фриц 9:0
Ѓоковиќ – Сок 1:0
Ѓоковиќ – Медведев 10:5
Ѓоковиќ – Рубљов 5:1
Ѓоковиќ – Хачанов 9:1
Ѓоковиќ – Циципас 12:2
Ѓоковиќ – Алкараз 4:3
Ѓоковиќ – Карењо Буста 4:2
Ѓоковиќ – Синер 4:3
Ѓоковиќ – Фоњини 8:0
Ѓоковиќ – Хуркач 7:0
Ѓоковиќ – Нори 4:0
Ѓоковиќ – Руна 4:2
Ѓоковиќ – Попирин 3:0
Novak Djokovic has a winning record against EVERY player who won a Big Title since 2011:
🇪🇸Nadal: 31-29
🇨🇭Federer: 27-23
🇬🇧Murray: 25-11
🇪🇸Ferrer: 16-5
🇨🇭Wawrinka: 21-6
🇫🇷Tsonga: 17-6
🇦🇷Del Potro: 16-4
🇭🇷Cilic: 19-2
🇭🇷Coric: 4-0
🇩🇪Zverev: 8-4
🇦🇹Thiem: 7-5
🇧🇬Dimitrov: 12-1… pic.twitter.com/rMSAkMeuqr
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) August 18, 2024
Сето ова ја потврдува апсолутната доминација на српскиот ас и веројатно е доволен доказ дека тој е најголемиот досега што држел рекет и топче.
Следниот турнир на кој ќе игра Ѓоковиќ е УС Опен (26 август – 8 септември). Новак ја брани титулата на последниот Грен слем во годината.
Фото: Архива