(ФОТО) Нова жртва на музичката војна: Убиен попларен рапер на само 33. години – Славните се збогуваат со емотивни пораки!

Не е познато зошто но секоја година настрадува по некој рапер, односно – е убиен. Најновата жртва е 33. годишниот Нипси…
Нипси Хасл е убиен на 33 годишна возраст, а популарниот американски рапер чие вистинско име е Ермиас Дејвидсон Ашгед умрел откако вчера било пукано во него околу 15:20 часот пред сопствениот бутик во Лос Анџелес.

Тажната вест ја потврди и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.


“Нашите срца се со саканите на Нипси Хасл”, напишал на Твитер профилот.

Покрај во него, неидентификуваниот напаѓач пукал во уште двајца мажи кои биле пренесени во болница. Еден од нив починал, додека другиот успешно се опоравува, објавуваат од полицијата на Лос Анџелес.

“Моментално немаме информации за осомничениот и ќе откриеме повеќе детали кога ќе ги имаме”, додале тие.

View this post on Instagram

Family 1st

A post shared by Nipsey Hussle (@nipseyhussle) on

Во музичката индустрија бил ценет и почитуван, а за тоа докажува податокот дека неговиот британски албум “Victory Lap 2018” беше номиниран за Греми награда за албум на годината, пред кој објави десет компилации и одржа многубројни настапи. Раперот со годни бил во врска со глумицата Лорен Лондон со која има и две деца, Емани и Крос.

Помеѓу многубројните објави посветени за Нипси, се најде и кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс. НБА ѕвездата на Инстаграм објави фотографија од раперот со зборовите:

“Пред неколку дена се допишувавме, брату. Ти кажав колку сум горд на тебе и дека ќе те угостам со повеќе натпревари на Лејкерс следната сезона. Беше истиот од првиот ден. Почивај во мир, млад кралу. Ова долго ќе боли”.

View this post on Instagram

Ima miss you bro.

A post shared by Wiz Khalifa (@wizkhalifa) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Партнерката на Винсент Касел, Нара Баптиста, објави дека е бремена: „Мама те чека“

Девојката на познатиот француски актер Винсент Касел (57), Нара Баптиста денеска преку својот Инстаграм профил …