(ФОТО) Нова сезона во Италија – „Емили во Париз“ го воодушевила дури и Емануел Макрон: „Позитивно влијае на имиџот на Франција“

Популарната серија „Емили во Париз“ моментално ја емитува својата четврта сезона на Нетфликс, а дејството е преместено во прекрасната италијанска престолнина.
Кога серијата беше најавена за петта сезона минатиот месец, нејзините креатори објавија дека дејството ќе се одвива помеѓу Париз и Рим, а Емили ќе остане во Италија.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis)


Францускиот претседател Емануел Макрон го изразил своето воодушевување за серијата во интервју за магазинот Variety. Тој посочил дека „Емили во Париз“ позитивно влијае на имиџот на Франција, истакнувајќи ја нејзината атрактивност како туристичка дестинација.
„Тоа е супер позитивно за атрактивноста на нашата земја. За мојот бизнис, тоа е многу добра иницијатива“, рекол Макрон, додавајќи дека ќе се бори да ја задржи Емили во Париз и покрај нејзината деловна понуда во Рим.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis)

Во текот на четири сезони, гледачите ги следеа љубовните заплеткувања на Емили, како и професионалните предизвици откако таа се пресели од Чикаго во Париз. Сезоната 4 е особено возбудлива бидејќи Емили добива работа во Рим, што отвора нови врати за авантура и романтични заплеткувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis)

Освен што серијата ги освојува срцата на публиката, „Емили во Париз“ стана и културен феномен. Многу гледачи беа инспирирани од стилот, модните избори и начинот на живот на Емили, а серијата го поттикна растот на туризмот во Париз. Многу млади сакаат да ги посетат локациите прикажани во серијата, со што дополнително ја зајакнува атрактивноста на француската метропола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix US (@netflix)


Со оглед на тоа колку е популарна „Емили во Париз“, несомнено е дека новата сезона ќе донесе уште повеќе возбудувања и интриги. Гледачите со нетрпение очекуваат како ќе се одвиваат приказните на нивните омилени ликови, а возбудата дополнително ја зголемува најавата дека акцијата ќе се пресели во прекрасниот Рим.
Во исто време, ентузијазмот на Макрон за серијата покажува колку е важна оваа продукција не само за забава, туку и за промоција на француската култура и туризам. Серијата првпат беше прикажана во 2020 година и оттогаш доби огромен број фанови, кои со нетрпение ја очекуваат секоја нова сезона.

Фото: Принтскрин/монтажа/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, организира настан по повод Светскиот ден на …