Невремето на Флорида донело ветрови од 240 км/ч , поточно во нејзиниот североисточен дел, додека неколку милиони луѓе беа евакуирани и преместени во други делови на државата.
Жител на Флорида на социјалните мрежи го споделил случајот во кој неговиот модел McLaren P1 бил целосно уништен во налетот на страшната бура. Тој пред една недела го купил својот моќен суперавтомобил по цена од еден милион долари, по кој оригинално се продавал.
View this post on Instagram
На фотографиите може да се види како водата го извлекува британскиот суперавтомобил од целосно потопена гаража, поради што тој испливал понатаму по улицата во близина на домот на сопственикот. Мекларенот потоа завршил закотвен до дрво, со вода до хаубата.
View this post on Instagram
Овој сопственик ја споделил својата приказна преку Инстаграм и изјавил дека ураганот Иан го погодил неговото соседство со ветрови кои корнеле дрвја и врнежи од дожд кои целосно ги поплавиле улиците, додека во описот на својата објава тој го нарекува суперавтомобилот како негов „урагански модел за купување“.
Фото: Принтскрин/Instagram