Филмот „Носферату“ беше премиерно прикажан во Лондон, а британската актерка Ема Корин привлекла внимание со смело издание.
Таа носела проѕирна креација која ги открила нејзините гради. Изгледот го комплетирала со едноставна шминка и накит.
На црвениот тепих таа позираше со остатокот од актерската екипа – Лили-Роуз Деп, Вилем Дефо, Сајмон МекБурни, Ралф Инес и режисерот Роберт Егерс.
Дејството на филмот е сместено во измислениот град Висборг во 1838 година. Заплетот го вклучува агентот за недвижнини Томас Хатер (Николас Хулт) кој го добил грофот Орлок како клиент.
View this post on Instagram
Грофот Орлок (Бил Скарсгард) бара нов дом во градот за себе и неговата сопруга Елен (Лили-Роуз Деп). Излегува дека е вампир што цица крв. За разлика од оригиналот, во режија на Ф.В. Мурнау, Елен сега е во центарот на приказната и повеќе не е само жртва. Ема ја игра Ана Хардинг.
Филмот „Носферату“ веќе ја освои наградата за најдобра музика на Hollywood Music In Media Awards и доби шест номинации за Astra Award.
Фото: Принтскрин/Instagram