Светската шампионка во брзо лизгање од Холандија, Џој Беуне го соборила рекордот откако за прв пат позирала за насловната страница на магазинот „Плејбој“.
Декемвриското издание на списанието беше пуштено во продажба во Холандија во четвртокот, а Беуне (25) носела само бели ракавици за да ги скрие своите облини на насловната страница.
Беуне се смета за најголемото име кое позирало за холандското издание на „Плејбој“ во повеќе од десет години.
Лизгачката годинава стана светска шампионка во брзо лизгање и освои златни медали во дисциплините на 5.000 метри и екипна трка.
View this post on Instagram
Таа открила дека порано се сомневала во изгледот на телото, но сега е сигурна во сопствената кожа. Беуне споделила и како нејзиниот дечко, кој исто така е лизгач, Кјелд Нуис, ја охрабрил да ја искористи приликата.
Беуне за холандското издание на списанието изјавила: „Имаше моменти кога се споредував со други брзи лизгачи. Сите тие се супер тенки и имаат неверојатно затегнато тело“.
View this post on Instagram
„Помислив: „Можеби сум премногу тешка. Морам да бидам што е можно полесна, така најбрзо се лизгам, но тоа се еден куп глупости. Мора да јадете добро, потребна ви е таа енергија“, продолжила таа.
„Плејбој“ вообичаено во Холандија има тираж од приближно 30.000 примероци, иако не е јасно дали тој број е зголемен во оваа прилика поради популарноста на Беуна.
Сега е откриено дека продажбата на „Плејбој“ била 10 пати поголема од просечниот ден, со четири пати повеќе продадени примероци во споредба со другите изданија во минатото.
Главниот уредник Ниек Столкер рекол дека за 11 години колку што Pijper Media го издава списанието, ништо вакво не се случило.
Фото: Принтскрин/Instagram