(ФОТО) НИКОЛА РОКВИЌ ПРОДОЛЖУВА СО ХУМАНИТАРНАТА МИСИЈА: Патиките од аџилакот продадени за 530.000 динари – открил и колку пари се собрани досега

„Еден наш чекор и добра волја со Божји благослов е доволен за да започне прекрасен круг на радост“
Никола Роквиќ неодамна се врати од аџилак за време на кој успеа да собере пари за лекување на деца болни од рак. Овој потег на познатиот пејач ја воодушеви целата јавност која будно го следеше секој негов чекор.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Фондација Породица (@fondacijaporodica)


За време на неговото патување во Грција, Никола наишол на бројни пречки кои не го спречиле да ја постигне целта.
Кога се вратил во Србија, добил благослов од патријархот Порфири, а во акцијата се вклучиле и многу негови колеги и познати личности кои ја поздравија оваа хуманитарна мисија.


Фондацијата основана од Роквиќ и неговата сопруга Бојана Баровиќ нема намера да престане со работа. Пејачот на својот Инстаграм профил објави дека патиките од неговиот аџилак се продадени за 530.000 динари (околу 265.000 денари), како и колку пари се собрани досега.
– Драги луѓе, аукцијата на патики заврши!! Со Божја помош собравме дополнителни 530.000 динари! Сега се приближуваме до бројката од 43 милиони динари!!! Во наредните денови ќе ве информираме во која институција дополнително ќе ги насочиме средствата што ги собравме, покрај во Белград и Ниш, како и до каде сме стигнале со набавката на потребните апарати – напишал Никола и додал:
– Еден наш чекор и добра волја меѓу нас со Божји благослов се доволни за да започне прекрасен круг на радост, љубов и хуманизам!! СЛАВА МУ НА БОГ И ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ!!!!

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …