Ниту слични на оние херои што ги сакавме во популарната серија
Првата епизода од серијата „La Femme Nikita“, работена според истоимениот француски филм на режисерот Лук Бесон, беше премиерно прикажана на 13. јануари 1997. година.
Оваа телевизиска адаптација на филмскиот хит ја должи својата популарност на одличната хемија меѓу главните актери, Австралијанката Пита Вилсон и Канаѓанецот Рој Дипи.
“Хемијата беше инстантна. Не е нешто на што можеш да работиш. Кога првпат ја видов Пита, се чинеше многу интересна, полно со енергија и оригинална”, призна Рој, кој своевремено ја играше улогата на оперативецот Мајкл Самуел, ментор на Никита.
Низ пет сезони и 96. епизоди ги следевме драматичните промени во животот на овие оперативци на тајниот Оддел 1, но и развојот на нивната љубовна приказна. Никита успеа да го отвори навидум непобедливото срце на ладнокрвниот Мајкл.
Во една епизода, Валтер вели дека Мајкл порано бил мртов, а сега е жив. “Има нешто поразлично во него. Мислам дека Никита е причината што Мајкл оживеа”.
“Не сакав да го играм како победник. Некој што убива толку многу луѓе не може лесно да се смее. Барем не како другите. Тој е некој што носи смрт со себе цело време. Тешкиот дел од оваа улога беше неговиот перфекционизам. Мајкл мораше да биде малку нестварен. Затоа внимателно ги дозирав неговите движења и гестови. Одлучив да се ослободам од нив за да можам да ја пренесам целата тежина на неговиот перфекционизам“, објаснил Рој.
Пита Вилсон отсекогаш имала само пофални зборови за својот колега, но и многу шеги за неговиот (добар) изглед.
Дали ја знаете причината зошто обожавателите толку многу ја сакаат вашата серија, ја прашала еднаш новинарка. „Знам, во соблекувалната е, тој наскоро доаѓа на интервју“, рекла таа, осврнувајќи се на Рој.
„Вистинска штета е што тој не е убав“, се пошегувала Пита кога актерот и се придружи за време на истото интервју.
Долги 18 години по крајот на серијата, Пита и Рој ретко се појавуваат во јавноста. Пита го снимила својот последен филм во 2015. година и оттогаш живее повлечен живот.
Згодниот 56-годишник живее и работи исклучиво во Канада. Иако значително го сменил имиџот, обожавателите на серијата „Никита“ лесно го препознаваат својот омилен актер зад неговата брада и долгата сива коса.
« Tu pouvais pas savoir. – Non, je pouvais pas… » – Christophe + Tina. #TouteLaVie @lesecheveles @RoyDupuisFans @helenebleclerc pic.twitter.com/PaxKr1MLnw
— Geneviève Cardin (@baroblik) September 23, 2020
Последниве години, тој главно играл во филмови и серии на француски јазик.