(ФОТО) Невин поминал 46 години во затвор, сега добива ОГРОМЕН НАДОМЕСТ НА ШТЕТАТА кој изнесува околу 83 долари дневно за секој ден кој Ивао Хакамада го поминал во затвор


Какамада бил осуден на смрт во 1968 година за убиствата на неговиот шеф, неговата сопруга и нивните две деца во 1966 година. Поранешниот боксер, кој сега има 89 години, бил ослободен во 2024 година, откако неговата сестра, заедно со други, со децении воделаљ кампања за негово ослободување, пишува The Guardian.
Окружниот суд во Шизуока, во одлуката издадена во понеделникот, пресудил дека тој има право на компензација. Истиот суд на повторното судење во септември пресудил дека Какамада не е виновен и дека полицијата манипулирала со доказите.
Судот тогаш изјавил дека Какамада бил подложен на „нехумани испрашувања со цел да се извлече признание“, што тој подоцна го повлекол. Локалните медиуми јавуваат дека ова е рекордна сума на обесштетување од ваков вид во Јапонија и изнесува околу 1.393.000 долари.


Но, неговиот адвокатски тим вели дека парите не можат да ја надоместат штетата што ја претрпел.

Годините поминати во притвор, со постојана закана од егзекуција, сериозно го оштетиле менталното здравје на Хакамада, рекле неговите адвокати, опишувајќи го како личност што „живее во свет на фантазијата“.
Хакамада бил петтиот осуденик на смрт на кого му било одобрено повторно судење во повоената историја на Јапонија. Сите четири претходни случаи исто така завршиле со ослободителна пресуда.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што предвидува ХОРОСКОПОТ за СЕЗОНАТА НА БИК 2025: Кој чека промени, а кој ќе ужива во нова љубов?

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …