(ФОТО) Неверојатна ситуација – Том Хенкс имал среќа за време на пожарот во Лос Анџелес, огинот застанал токму пред неговата вила

Филмските и телевизиските ѕвезди се меѓу стотиците луѓе кои ги загубија своите домови во пожарите во Лос Анџелес. Меѓутоа, на Том Хенкс му се случила неверојатна ситуација кога пожарот застанал токму пред неговиот дом.
Според The ​​New York Post, Том Хенкс живее во населбата Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, која била десеткувана од пожарот што почна да гори во вторникот наутро.
Во пожарот беа уништени домовите на познатите личности како Парис Хилтон, Ана Фарис и Ентони Хопкинс. Сепак, некои значајни ѕвезди, како Том Хенкс, имаа среќа, а нивните домови останаа безбедни или само делумно оштетени.


И’ покрај уништувањето на куќата над неа, големата бела палата на Том Хенкс на карпа во Пацифик Палисадес го преживеала пожарот. За жал, некои куќи беа изгубени во пожарот и покрај сите напори на пожарникарите да ги спасат.
Фотографиите направени од воздух во средата го покажале замокот на Хенкс на врвот на карпата недопрен. Меѓутоа, куќата директно над куќата на Хенкс немала толку среќа и изгорела во пламените.
Имотот и вилата на актерот останале недопрени, дури и неговиот тревник и покривот биле неоштетени. Оскаровецот во куќата живее со сопругата Рита Вилсон.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЕ ПРИБЛИЖУВА МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА: Овие 5 знаци треба да се подготват

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …