(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ОД ИТАЛИЈА: Лекарите при породување му отстраниле тумор на бебето

АГЕНЦИЈА Ansa пишува за големиот успех на италијанските лекари кои на дете, на кое му е дијагностициран фетален тумор, за време на породувањето му ја отстраниле туморската маса која го зафаќала најголемиот дел од градната празнина на бебето.
Медицински тим од неколку десетици специјалисти од болницата „Кралица Маргарета“ во Торино успешно го оперирале детето, додека со папочната врвца сè уште било врзано за мајката.
Операцијата му го спасила животот на детето, во спротивно поради големината и ширењето на малигното ткиво во градната празнина, детето не би можело да дише и најверојатно ќе умрело при породување.
Агенцијата пишува дека мајката и детето се чувствуваат добро и дека по операцијата бебето почнало да се храни со доење.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„На одмор сум, во Скопје сум“ – Настан со најразновидни активности за сите деца

Во организација на општина Центар, од денес започнува големо дружење секој ден со различни активности …