Анџелина Џоли е несомнено една од најубавите и најпрепознатливите актерки во светот, но нејзините нови фотографии изненадија многумина.
Имено, Анџелина е последна ѕвезда на насловната на едицијата CR Fashion Book за есен/зима 2024 година.
View this post on Instagram
Актерката позирала во бројни комбинации на облека, но најмногу внимание привлекла нејзината фризура која многумина потсетила на препознатливите диско кадрици од 80-тите.
Со оглед на тоа дека убавата актерка е најпрепознатлива по темната и права коса, овој едиторијал изненади многумина.
Додека едни пишуваат дека не ја препознале и дека воопшто не им се допаѓа новиот изглед, други се воодушевени од ова издание.
„Убава е“, „Сè и стои добро“, „Кој и ја направи оваа фризура треба да добие отказ“, „Да не го напишеше името, немаше да ја препознаам“, се само дел од стотиците коментари. .
Потсетуваме, Анџелина неодамна блесна на филмскиот фестивал во Венеција, но фановите потоа ги коментираа нејзините раце кои имаа многу истакнати вени.
Анџелина го промовираше филмот „Марија“ во режија на Пабло Ларен на 81. издание на Венецискиот филмски фестивал. За улогата на легендарната Марија Калас многумина и предвидуваат дека ќе го добие најпрестижниот Оскар.
Фото: Архива