(ФОТО) НЕНАДЕЈНА ОДЛУКА – Алек Болдвин, ослободен од обвинението за убиство од небрежност, се распакал во рацете на неговата сопруга


Судијката Мери Марлоу од Ново Мексико нагло го отфрлила обвинението за убиство од небрежност против Алек Болдвин и рекла дека случајот не може повторно да се отвори.
Таа го отфрлила случајот поради недолично однесување на полицијата и обвинителот поради задржување докази на одбраната. Како што е познато, Болдвин ја застрелал и ја уби Халина Хачинс во 2021 година на сетот на филмот „Рѓа“. Не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми.


„Доцното обелоденување на доказите за време на судењето ја попречи фундаменталната правичност на постапката“, рекла меѓу другото Марлоу.


По оваа одлука, Болдвин паднал во прегратките на сопругата Хиларија и заплакал. После тоа, тој им се заблагодарил на своите адвокати. Тој го напуштил судот без да разговара со претставниците на медиумите.

Кариерата на Болдвин била доведена во прашање, а поради споменатото дело му се заканувала затворска казна од една и пол година.



Тој и другите продуценти се уште се соочуваат со тужби поднесени од родителите и сестрите на Халина Хачинс.

Фoтo: Принтскрин/klix.ba

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …