(ФОТО) НЕКОГАШ ЖИВЕЕЛА ВО БЕДА НА БАРБАДОС, СО ТАТКО НАРКОМАН: А ДЕНЕС Е ЅВЕЗДА И НАЦИОНАЛЕН ХЕРОЈ

Пејачката денеска го слави својот 35 роденден!
Иако денес нејзиниот живот изгледа како недопирлива фантазија, минатото на Ријана е проткаено со многу тешки моменти.
Од мала знаела само за насилство, а потоа и самата го доживеала од поранешен емотивен партнер, кој дотогаш беше нејзината најголема љубов.
Познатата убавица од Барбадос ја плени јавноста со неодамнешното појавување на Суперболот, а таа можност ја искористи
и за прв пат да го покаже трудничкиот стомак. За мегаталентираната пејачка и претприемач се пишуваше со денови потоа, иако ова беше нејзин прв настап во последните неколку години.

This image has an empty alt attribute; its file name is riana-na-super-bol.jpg


Рири (35) моментално е една од 10-те најмлади милијардери во светот, но патот до славата и успехот бил посипан со трње.
Нејзиното детство било обележано со сиромаштија и семејно насилство. Како најстаро дете на скромни родители, Ријана пораснала на Барбадос, во бунгалов, заедно со нејзините двајца помали браќа. Додека се бореле со финансиите во текот на нејзиното детство, пејачката била принудена да продава облека на улица со нејзиниот татко за да преживеат.

View this post on Instagram

A post shared by Mbali Lientjie Brikwa (@mbalilientjiebrikwa)


Нејзиното воспитување било обележано со зависноста на татко и од алкохол и тешки дроги. Честопати физички ја малтретирал нивната мајка, но понекогаш се нафрлал и на Ријана. Тоа се одразило на целото семејство, оставајќи страшни последици по нивното ментално здравје.
По разводот на родителите, ситуацијата во семејниот дом станала помирна, но затоа училиштето било безмилосно. Нејзините врсници секојдневно ја малтретирале и задевале поради нејзината сиромаштија.


This image has an empty alt attribute; its file name is rijana-so-roditelite.jpg

На 15-годишна возраст се пријавила на училишниот избор за мис, а одењето го совладала вежбајќи секој ден да оди со книги на главата. Тогаш таа го имала својот прв јавен настап, кога пред учениците во училиштето го отпеала хитот на Мараја Кери „Hero“.

Пејачката не завршила средно училиште, но нејзиниот талент го препознал американскиот музички продуцент Иван Роџерс, со кого набрзо снимила и демо верзија на песната „Pon de Replay“. Снимањето на песната завршило со популарниот рапер и бизнисмен Џеј Зи, а Ријана потоа потпишала договор со неговата издавачка куќа. Останатото е историја…
Потоа добила совет од Џеј Зи кој и денес ја води: „Не менувај се себеси заради другите, не заборавај од каде си и секогаш биди скромна“.
Дуетот со раперот, хитот „Umbrella“, не само што беше една од најпуштаните нумери на топ-листите, туку и го донесе првото Греми.
Позната е по тоа што брзо ги надминува трендовите, како и по некој кој има големи трансформациски моќи.

View this post on Instagram

A post shared by Rihanna ⚓ (@badgalrobz)

Ријана брзо стана една од најбогатите пејачки на сите времиња. Таа го прошири својот бренд на линија на долна облека и козметика, со кои од неодамна се занимава повеќе отколку со музика.
Неодамна беше прогласена за национален херој на Република Барбадос, а на листата на Форбс за најмоќни жени го зазеде 68-то место на листата. Форбс откри дека пејачката, најпозната по песната „Diamonds“, е милијардерка благодарение на успехот на нејзината козметичка линија.
Уште на почетокот на кариерата, убавата пејачка почна да ја поврзуваат со познати холивудски момци. Сепак, најголемата љубов на Ријана беше Крис Браун. Нивната врска заврши неславно, кога Крис ја претепа Ријана, па сликите од неа во многу лоша состојба го обиколија светот. Имено, таа требаше да пее на Греми наградите, но тој настап одеднаш беше откажан. Набрзо беше откриено дека Ријана не настапила бидејќи нејзиното момче лошо ја претепало. Крис набрзо беше уапсен, а во јавноста излезе фотографија од претепаната Ријана. Сепак, после се, Ријана во интервју со Опра Винфри потврди дека ја измазнувале врската и дека останале пријатели.
Конечно среќата ја најде во прегратките на раперот Асап Роки (33) со кој пред неполна година доби син.

View this post on Instagram

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Тие сега го очекуваат своето второ дете, а изгледа дека Ријана конечно си го средила животот и ужива во плодовите на трудот.

Фото: Архива/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати музички имиња од Македонија и Балканот овој викенд ќе настапат на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“

Најдобрата забава во Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4ти и …