(ФОТО) Некогаш најубавата тенисерка на светот непрепознатлива: Видена по две години и ги загрижила обожавателите


Ана Курникова со години е во центарот на вниманието кога станува збор за професионалниот спорт.
Некогаш осмо рангираната тенисерка во светот се посвети на семејниот живот, децата и сопругот Енрике Иглесијас.
Ретко ја гледаме во јавноста, а сега нејзиното последно појавување, по повеќе од две години, предизвикало загриженост кај нејзините фанови. Ана била фотографирана во Мајами за време на викендот, како седи во инвалидска количка со ортопедска чизма, сугерирајќи дека неодамна се здобила со повреда, но не се знае точно каква е повредата, пишува Дејли Мејл.

Со неа биле нејзините две ќерки Луси (7) и Мери (4) кои ги дели со Енрике, како и неколку пријатели.



Ана Курникова ја заврши својата тениска кариера во мај 2003 година, откако освои 16 титули во двојки во кариерата. Таа го постигна својот највисок пласман во кариерата како број 1 во двојки, откако го освои Австралија опен со партнерката Мартина Хингис.

Курникова и Иглесијас почнаа да се забавуваат во 2001 година, откако таа се појави во неговиот спот за песната „Escape“. Тие имаат три деца, близнаците Луси и Николас, како и ќерката Мери.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПО МУЛТИПЛЕКСА СКЛЕРОЗА, ѝ бил дијагностициран рак, СЕГА И НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА СЕ РАЗАБОЛЕЛА: Прекрасната актерка која ја сакал и’ Бред Пит преживува пекол!

Девојката има само 14 години. Актерката Кристина Аплгејт (53) со години отворено зборува за својата …