(ФОТО) НЕЈЗИНОТО ИМЕ ЗНАЧИ МИСТЕРИЈА – Бебе во Турција било 128 часа под урнатините: Сега е повторно споено со мајка си

Бебето и мајката биле поврзани благодарение на ДНК тест
Бебето кое поминало 128 часа под урнатините по разорниот земјотрес во Турција е повторно споено со својата мајка, објавија турските медиуми.
Три и пол месечниот Ветин Бегдас лекарите го нарекле Гизем, што на турски значи „Мистерија“.
Бебето пред 54 дена беше спасено од урнатините во провинцијата Хатај, а потоа префрлено во болница во главниот град Анкара.
Министерката за семејство и социјални услуги, Дерја Јаник, повторно го споила бебето со нејзината мајка Јасемин Бегдас во провинцијата Адана, каде жената моментално се наоѓа на лекување.


Бебето и мајката биле поврзани благодарение на ДНК тест. Таткото и двајцата браќа на бебето ги загубија животите во земјотресите во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
– Бебето е навистина чудо. Тоа што преживеа и немаше здравствени проблеми ни ги стопи срцата – рекла министерката Јаник и додала:
– Гизем сега е и наше бебе.
Таа нагласила дека министерството ќе и ја пружи сета потребна поддршка.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Пет години без нашиот актер Васо Ангелов

Васо Ангелов е роден во 1938 во Ваташа. Уште како ученик во основното училиште а …