(ФОТО) Не пуштила солза кога умрела Дијана, но тоа го направила во овие 2 ситуации: Зошто тогаш светот ја видел Елизабета како плаче?

Никој не можел да види солзи на лицето на кралицата, освен во овие две ситуации.
Кралицата Елизабета Втора, која почина во септември 2022 година на 96-годишна возраст, во текот на своето владеење беше позната по тоа што секогаш изгледаше смирено и стабилно, без да покажува емоции во јавноста.


Сепак, во неколку ситуации таа сепак ја покажала својата хуманост и ранливост. Иако јавно не реагирала на смртта на нејзината поранешна снаа, принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година, таа мора да била длабоко потресена приватно.


За прв пат во јавноста, кралицата заплакала во 1966 година, по несреќата во рудник во која загинале 116 деца и 28 возрасни лица, што ја потресло Британија. Потоа, зборувајќи со преживеаните и нивните семејства, таа ја покажала својата емотивна страна.
Исто така, на Денот на сеќавањето во 2002 и 2019 година, како и на церемониите посветени на паднатите војници и ранетите ветерани, кралицата не можела да ги задржи солзите, покажувајќи ја својата длабока емотивна поврзаност со жртвите.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …