(ФОТО) Не, ова не е бездомник во центарот на Загреб! Ова е една од НАЈГОЛЕМИТЕ ЅВЕЗДИ НА ХОЛИВУД – доказ дека е „ОПЕРИРАН“ ОД ВООБРАЖЕНОСТ

Познатиот актер Кијану Ривс (59) со својот бенд „Dogstar“ дошол на годинешниот фестивал INMusic и вечерва ќе настапи во Загреб. Хрватските медиуми се тркаа да дознаат каде престојува холивудскиот актер, а тоа успеало да го направи тимот на Јутарњи лист.
Имено, нивниот тим затекнала неочекувана глетка пред хотел во Загреб. Пред влезот, на подот, потпрен на ѕидот, седел човек во црни фармерки, а испаднало дека е никој друг туку славниот Кијану Ривс.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)


Познато е дека можете да го сретнете на места каде што никој не би очекувал таква ѕвезда, како кога беше снимен како се вози во метро или се дружи со бездомници.
Седел на подот, а на новинарската екипа со малку тажен глас и рекол: „Зборувам на телефон, тоа е мое приватно време“, објави Jutarnji.hr.
Трпеливо чекале и кога завршил го замолиле да се слика со нив, што тој го прифатил со насмевка.
Познатиот актер се прослави во трилогијата „Матрикс“, а денес е една од најпознатите личности во светот. Тој е голем хуманитарец и секогаш со задоволство помага. Се откажува од голема плата за да можат другите актери да добијат пари, финансиски им помага на луѓето на сетот. Тажните човечки приказни секогаш го допираат затоа што и самиот поминал низ пекол, па затоа секогаш е среќен да им помага на таквите без никој да го бара тоа од него.


Извор: Jutarnji.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …