(ФОТО) НЕ ИМ СЕ ДОПАДНАЛО НА СИТЕ- Поранешниот агент 007 е ѕвезда на нова модна кампања, а за многумина бил непрепознатлив поради фризурата


Даниел Крег е ѕвезда на новата кампања на модниот бренд Loewe, а поради неговиот малку поинаков изглед на многумина им било тешко да го препознаат на прв поглед.
Усвојувајќи различни личности, поранешниот Џејмс Бонд ја претставува колекцијата на брендот есен/зима 2024 година.
Кампањата била снимена од Дејвид Симс на намерно обична бела позадина, при што сетот ги отстранил „реквизитите и уметноста“ за да се фокусираат на темите – „кои се тие и како сакаат да бидат перцепирани“.


Крег има подолга коса во кампањата, а лицето му го покриваат шишки. Иако сме навикнати да го гледаме во елегантни костуми со залижана коса и очила за сонце – изданието со потпис на агентот 007, оваа кампања го прикажува во сосема поинакво светло.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by LOEWE (@loewe)

Една од комбинациите што ги носи вклучувала и шарен џемпер со принт, фармерки со широк црн ремен, додека на грбот носи чанта.
Сосема очекувано, ова разиграно издание на кампањата на Крег и Лоу допрела до огромен број луѓе на социјалните мрежи, со голем број на споделувања.

Тие во коментарите го пофалиле актерот за опуштеното издание, па дури и се пошегувале дека ова му е најдоброто појавување досега. Но, имало и негативни коментари – каде напишале дека ова издание воопшто не му одговара.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …