(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. Тој дошол на неговиот проштален натпревар бидејќи е свесен дека неговиот пријател со години трпи страшни болки и е многу блиску до одлуката да му ја ампутираат ногата и да му стават протеза.
Познатиот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро ја одигра последната вечер во кариерата против својот пријател и ривал Новак Ѓоковиќ. Незаборавно го направи своето збогување со Ноле, одржа говор кој долго ќе се прераскажува, но и трогателните солзи кои ги видовме на интернет.


Ѓоковиќ и Дел Потро плачеа во прегратка, не само затоа што тоа беше емотивен момент кој означува дефинитивен крај на кариерата, туку и затоа што и двајцата знаат низ што помина „Џинот од Тандил“. И сеуште поминува.
Не е претерување да се каже дека тој ќе се бореше со Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Мареј за Грен слемовите да не беа повредите, бидејќи неговиот форхенд беше еден од најсмртоносните што сме ги виделе во тенисот. За жал, поради проблеми со коленото освои само еден „слем“ и тоа во далечната 2009 година на УС Опен. Покрај тоа, Делпо освои и два олимписки медали за Аргентина, бронза во 2012 година во Лондон и сребро во 2016 година во Рио, двата пати победувајќи го Новак Ѓоковиќ. Прво директно во борбата за бронза, а потоа и во првото коло на Олимписките игри четири години подоцна. За жал, оттогаш неговиот живот се преврте наопаку…

Не можам да спијам, секој ден ме боли


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Juan Martin del Potro (@delpotrojuan)

„Кога го одиграв последниот натпревар со Делбонис (во 2022 година), луѓето не знаеја, но следниот ден отпатував за Швајцарија и повторно го оперирав коленото. Тоа беше мојата петта операција. Оттогаш не сум зборувал јавно за операциите, пред натпреварот со Делбонис веќе кажав дека тоа е веројатно мојот последен натпревар и чувствував мир и повеќе не се случуваше луѓето постојано да ме прашуваат: Делпо, кога ќе се вратиш да играш, кога ќе играш, кога ќе те гледаме? Но, повеќе не можев да ги издржам болките во нозете, затоа молчев и тајно сакав да ме оперираат, па ќе се вратам ако можам“, изјавил Хуан Мартин дел Потро во интервјуто што го дал пред натпреварот со Ѓоковиќ, кога веќе беше јасно дека враќањето нема да се случи.


Дел Потро раскажал дека по операцијата во Швајцарија, околу два месеци бил сместен во мало гратче во близина на Базел, кога го известиле дека тоа не функционира. Му рекле дека единствена опција е друга операција – шеста. Се обидел се за да го избегне тоа, како што вели, му дале над сто инекции во нозете, колковите, грбот…

„Ме сечеа, ми палеа нерви, ме анализираа… Ова е страдањето што го живеев. Така беше од последниот меч со Делбонис до денес. Овој проштален натпревар е само за збогување со тенисот, готово. Немам повеќе желба да играм тенис бидејќи телото не ми дозволува“, рекол Дел Потро, кој се присетил на првата операција кога лекарите му рекле дека ќе се врати за само три месеци, што не било точно.

Не го сакав овој живот, се ме боли
„Од таа прва операција, не можев да одам по скалите без болка. Многу ме боли кога спијам, кога ќе се свртам на страна или ќе се разбудам поради тие остри болки. Тоа е како постојан кошмар за кој се обидувам да најдам решение и алтернативи, но нив ги нема. Се’ започна со првата операција и кога и да помислам на тоа се лутам, но сега е готово“.

Во својата шокантна исповед, Дел Потро рекол дека се отвора за јавноста затоа што „мисли дека тоа е добро за него“, па верува дека неговите зборови ќе ги инспирираат и ќе им помогнат на другите луѓе.
„Не сакав да живеам ваков живот. Бев активен човек кој сакаше спорт, а не само да игра тенис. Одеднаш ме викаат да играм фудбал и јас сум тој што го носи пијалокот и седи покрај теренот. Кога играме падел, јасснимам. Се преправам дека се е во ред…За мене тоа е ужасно“,низ солзи рекол ДелПотро.

Лекарите предлагаат ампутација и протеза

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juan Martin del Potro (@delpotrojuan)

Дел Потро објаснува и дека поради тоа се борел и со депресија, дека има денови кога веќе нема желба за борба, а тоа е особено кога има големи болки.
„Кога ќе се разбудам, пијам шест до осум таблети – за болка и воспаление, аналгетици, за анксиозност, и една која служи за обложување на мојот желудник поради сето тоа. Дали слабеам? Не, лековите ме тераат да се здебелам. Јас не јадам шеќер, не јадам брашно, но што има врска со моето колено. Имам 95 килограми и ме боли кога се качувам по скали. Сега лекарите мивелат декаимаатмашина која ќегореши проблемот, но…“, свесен е Делпо дека нема лек.

Истакнува дека „емоционалната болка“ со која секојдневно се справува е уште поголем проблем, откако по осум операции, лекарите дури му предлагаат да постави протеза и да заборави на болката.

„Многу пати размислував да го направам тоа, но што ми гарантира протезата? Велат дека ќе имам подобар квалитет на живот. Добро, совршено, тоа е тоа што го барам – не да играм тенис. И тогаш друг доктор доаѓа кај мене и ми вели дека сум премногу млад за протеза, да чекам да наполнам 50 години. Немам читано, шутнато топка или играно тенис од мојата 31 година. Дали така ќе треба да ги поминам следните 15 години, па на50 дами стават протеза и да живеам солидна до 60-годишна возраст. Јас сум во дилема за тоа, а зошто јас да донесам одлука ако сте доктор, само се надевам дека ќе бидам без болки еден ден?“, објаснилДел Потро во тешката исповед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juan Martin del Potro (@delpotrojuan)

Пред мечот со Новак изјавил дека повторно почнал да држи диета, да слабее и да тренира, бидејќи сакал да биде во најдобра можна форма и да не ја разочара публиката. И не ја разочара. Го победи најголемиот на сите времиња за крај, за солзите да бидат солзи радосници!

Фото: Принтскрин/YouTube/Telefe

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …