Актерот Хозе Елеазар Гомез е ѕвезда на мексиканските теленовели најпознат по улогата во хит серијата „Бунтовник“.
За жал, деновиве за него не пишуваат заради неговите актерски успеси, туку затоа што тој брутално ја претепал својата девојка Стефани поради што бил осуден на затворска казна.
View this post on Instagram
Според мексиканските медиуми, Гомез бил уапсен откако соседите слушнале барање помош од куќата во која тој живеел со девојката. Иако се обидел да го скрие својот идентитет за време на судењето за скандалот да не ја уништи неговата кариера, сè било откриено.
Фотографии од нејзините повреди започнале да кружат на Твитер, а актерот веднаш бил отпуштен од теленовелата „La mexicana y el güero“.
SE VA a PRISIÓN!
La @FiscaliaCDMX se prepara para enviar esta misma noche a la CÁRCEL, al actor @EleazarGomez33
Elementos de @PDI_FGJCDMX se alistan ya para realizar su TRASLADO.
Así quedó el rostro de su VÍCTIMA por las lesiones q le provocó.El caso> https://t.co/SF35QpZ3Vo pic.twitter.com/UxMhuFoQYT
— Carlos Jiménez (@c4jimenez) November 6, 2020
Тогаш се јави неговата поранешна девојка Ванеса Лопез и открила дека често знаел да биде насилен и кон неа.
View this post on Instagram
„Ме гризеше и ме гребеше по лицето. Сè уште имам лузни. Покрај физичката траума, тој ми нанесе и психолошка и ментална траума. Не знам како некогаш ќе му верувам на некого после ова и потполно ќе се опуштамо. Тој е чудовиште”, признала таа и открила дека по инцидентот морала да побара психолошка помош.
Фото: Twitter i Instagram