Еден од најпознатите супермодели на сите времиња, Наоми Кембел на Инстаграм објави дека станала мајка на 50. години.
Таа сподели фотографија на која се гледа како ги држи нозете на бебето во раката.
View this post on Instagram
„Прекрасен, мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка. Јас сум толку почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови што ја опишуваат врската што сега ја споделувам со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа“, напишала Наоми Кембел.
Претходно, таа истакна дека сака да стане мајка.
Таа разговараше со новинар на „Метро“ за биолошкиот притисок врз жените да имаат деца, па рекла: „Сега кога науката напредуваше, мислам дека можам да го сторам тоа кога сакам“.
Фото: Принтскрин/Instagram