(ФОТО) Наоми Кембел открила дека врсниците ја малтретирале и навредувале: „Се чувствував непријатно!“


Имено, 54-годишната манекенка во подкастот Cambon открила како нејзините врсници ја малтретирале за време на училиштето и ја нарекувале со погрдни имиња, посочувајќи дека често ја споредувале со Олива, лик од познатата цртана серија „Попај“.
„Не бев едноставна кон себе затоа што бев многу слаба и прилично висока за моите години, а знаете како децата си се викаат со различни прекари. Ме викаа Олива затоа што мојот врат е прилично долг, па се обидов да ги спуштам рамениците надолу за да не изгледа така, се чувствував непријатно“, рекла таа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Dr .🧿Naomi Campbell (@naomi)


Во подкастот, Кембел зборувала и за тоа како танцувањето како активност и помогнало да го сака своето тело и да блесне во светот на модата.
„Едноставно би позирала во различни пози што ги вежбав за танцот и тоа ми помогна“, рекла манекенката.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr .🧿Naomi Campbell (@naomi)

Инаку, ова е само една од животните ситуации со кои се соочила познатата манекенка. Минатата година во документарниот филм „The Super Models“ открила дека зависноста од дрога за малку ќе ја убиела на врвот на нејзината кариера и дека користела кокаин за да се справи со траумите од детството и смртта на италијанскиот дизајнер и близок пријател Џани Версаче.

Фoтo:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Два месеца по трагедијата се огласи повредениот член од групата ДНК: Еве што напиша на социјалните мрежи

Горан Тонев кој беше гитарист во групата ДНК се огласи на социјалните мрежи два месеца …