(ФОТО) НАЈУБАВОТО ДЕВОЈЧЕ НА СВЕТОТ сега има 23 години и сите се во ШОК кога ќе видат како изгледа денес: НАЈГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ во кариерата го доживеала на 10 години, а за се ги обвинуваат НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИТЕ

Манекенката од Франција Тилан Блондо (23) ја започнала својата кариера кога била девојче, а потоа го добила епитетот „најубото девојче на светот“. Тилан имала само четири години кога првпат се појавила на ревијата на Жан Пол Готје, а уште тогаш многумина велеле дека ја чека блескава кариера. Иако пораснала во луксуз, нејзиниот живот не бил секогаш совршен.
Родителите на Тилан Блондо исто така познати. Имено, нејзината мајка е водителката Вероника Лоури, а нејзиниот татко е фудбалерот Патрик Блондо. Додека растела, медиумите пишувале дека Вероника и Патрик ја искористуваат својата ќерка за пари, а најголемиот скандал избил кога Тилан позирала за насловната страница на Вог.


Многумина ја осудиле затоа што се шминкала и се облекувала како возрасна, а магазинот бил нашироко осуден и за хиперсексуализирање деца.
Сепак, нејзините родители никогаш не обрнувале внимание на овие натписи.


Нејзината долга кариера опфаќа бројни соработки со познати модни куќи како „Жан Пол Готје“, „Долче и Габана“ и „Версаче“.

Познатата Французинка порасна во убава и згодна девојка, а откако стана светски позната како малечка, неколку години подоцна лансираше своја модна линија, а денес ужива во плодовите на својот успех.
Таа две години по ред беше прогласена за жена со најубаво лице на светот од култната заедница на критичари “TC Candler”.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …