Каде и да се појави, сите гледаат само во неа…
Убавицата Оливија Кулпо (29) е една од највлијателните блогерки и манекенки во светот. Повеќе од девет милиони луѓе ја следат, а сите се восхитуваат на нејзиниот изглед. Тоа е сон на секој маж, а жените сакаат да бидат како неа.
Таа деновиве престојува во Мајами со пријателите, а судејќи по фотографиите одлично се забавува. Поради нејзиниот атрактивен изглед, таа е вистинска мамка за погледи, а кога ќе зачекори на плажата сите гледаат само во неа, но изгледа како да е навикната на тоа внимание.
Папараците ја фотографирале во црн едноделен костим за капење, а тие фотографии брзо го обиколија светот и предизвикаа лавина од коментари.
Меѓу другото можеше да се прочита „Оваа жена изгледа како божица“, „Таа е едноставно совршена“.
Кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе ви биде јасно зошто велат дека е најубавата жена на светот.
Фото: Принтскрин/Instagram