Овој парк изгледа како вистинско уметничко дело. Тоа е омилено место за љубителите на цвеќето, како и за оние кои сакаат да се релаксираат во природа.
Цветниот парк Ашикага во Јапонија се наоѓа во Ашикага, околу осумдесет милји оддалеченост од Токио. Се смета за најдобро место во Јапонија за проучување на глицинии (еден вид на ползавец – wisteria), а некои го класифицираат како еден од најубавите паркови во светот.
Зафаќа површина од околу 94.000 квадратни метри и е најпознат по Големата Глициниа – дрво старо околу 150 години. Благодарение на овие ползавци, целиот парк е покриен со таканаречени цветни завеси во сите бои на виножитото.
Паркот е отворен во текот на целата година, но се препорачува да го посетите од средината на април до крајот на мај кога билката е во полн цут, но потоа и цените на билетите, исто така, достигнуваат врвна цена од 1800 јени, што е околу 15 евра.