(ФОТО) НАЈТАЖНАТА ПРИНЦЕЗА СЕ ОГЛАСИЛА ОД ПСИХИЈАТРИСКАТА КЛИНИКА: Нејзината објава дополнително ги подгреа шпекулациите за уништеното лице

Инаку, пред 10-ина дена се појавија нови информации за Шарлин која моментално се лекува во Швајцарија. Имено, експертот за кралското семејство Пилар Ејр тврди дека принцезата се крие од јавноста затоа што си го уништила лицето при последната пластична операција. Принцезата наводно отишла „под нож“ во Дубаи, но процедурата тргнала наопаку, поради што принцезата сега има лузни на лицето. Претходно, нејзиниот сопруг, принцот Алберт истакна дека таа е на лекување бидејќи тоа е нејзина желба, со оглед на тоа што не се чувствувала психички добро, по враќањето во Монако.


Да потсетиме, Шарлин помина речиси седум месеци во Јужна Африка, каде имаше неколку операции. Принцезата била итно хоспитализирана на почетокот на септември, откако се онесвестила поради компликации предизвикани од инфекција која ја добила во мај.
Јавноста е убедена дека принцезата пристигнала во кнежевството за да се разведе од сопругот, сериски прељубник и дека сега палатата на секој начин се обидува да го спречи тоа. Капката која ја прелила чашата беше неговата нова афера, но и интервјуто на неговата поранешна љубовница која јавно ја клеветеше.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Облици на идентитет“ – Изложба на ликовните уметнички Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ

Во вторник, 5 ноември 2024 година, во 20:00 часот, во КСП Центар Јадро, ќе биде …