Американката Лоло Џонс важи за една од најубавите спортистки.
Таа е шампионка во трка со пречки и боб, но е и една од ретките спортисти кои се натпреваруваат и на Зимските и на Летните олимписки игри.
View this post on Instagram
Иако се уште нема освоено олимписки медал, Џонс гордо ја носи титулата најстара учесничка на Олимписките игри.
„Јас сум најстарата тркачка на 100 метри со пречки која некогаш се квалификувала за Олимпијадата“, напиша таа на својот Инстаграм профил.
Оваа Американка покрај интересната кариера како спортист, вниманието го привлекува и со љубовниот живот. Како што вели, се уште е девица бидејќи со години не може да го најде вистинскиот маж за себе.
„Го молам Бога да ми даде добар човек. За тоа се молам со години. Дури се молам да ја отстрани желбата за брак од моето срце, ако веќе не сака да ме види мажена. Јас навистина го сакам тоа и навистина сакам да имам семејство. Меѓутоа, срцето постојано ми се кине“, признала атрактивната Лоло, на која и е тешко што редовно ја исмеваат поради нејзината одлука.
View this post on Instagram
Лоло ја нарекува својата невиност „подарок што сака да му го даде на својот сопруг“
„Потешко од тренинзите за Олимпијадата, потешко од дипломирањето на факултет, беше да се остане девица пред брак“, рекла таа.
View this post on Instagram
Таа сака да се оствари како мајка
Бидејќи не го нашла мажот на својот живот, се одлучила за вештачко оплодување, а првиот чекор е замрзнување на јајце клетките.
Меѓутоа, и таму наишла на проблем…
„Петнаесет дена пред мојот 40-ти роденден. Ништо не ме плашеше повеќе од чувството дека ми снемува време за да имам семејство. Првично сакав да ги замрзнам јајните клетки кога имав 30 години. Мислев дека ќе се сретнам со мојот сопруг и се ќе функционира како што треба. Еве ме скоро 10 години подоцна и ништо не се случи“, напишала таа еднаш на Инстаграм.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram