(ФОТО) Најсексапилната жена има 95 килограми и е вистинска „бомба“: Сега облекла ризичен фустан

Плус сајз моделот Ешли Греам неодамна гостувала во шоуто „CBS Mornings“ во Њујорк, а со своето модно издание ги воодушевила сите присутни.
За таа прилика, таа облекла макси фустан со малку рискантен, леопард принт. Фустанот се карактеризира со крој кој го „сака“ телото, а Ешли на своето модно издание додала златни потпетици – ништо претерано, но сепак ефективно.


Жената која ги поместува границите на модата докажа дека смелите модели на фустани не се резервирани само за слаби жени, и дека и со своите 95 килограми може да изгледа секси во оваа облека.
Што се однесува до нејзината фризура, таа на наједноставен начин ја обликувала својата долга коса. Ешли направила меки бранови, а тоа било полн погодок – бидејќи овој стајлинг не поднесува гламурозни фризури.


Да потсетиме, Ешли Греам е прогласена за најсекси жена во светот во 2023 година по избор на машкото списание „Максим“.
„Ешли Греам, кралицата на облините, е здив на свеж воздух во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсетува дека тајната не е само да ги прифатиш твоите облини, туку да се прифатиш себеси какви што сте“, рекол тогаш претставникот на списанието.
Веднаш зад неа беа Маргот Роби, Ана де Армас, Самара Вивинг, Сабрина Карпентер и други…

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Собор на сите македонски Светители

Собор на сите македонски Светители Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски …