Кајли Џенер нема професија,не е пејачка, ниту глумица, таа е едноставно позната
Полу- сестрата на Ким Кардашијан, Кајли Џенер, е на пат да стане најмладиот милијардер во светот која сама ги заработила парите.
20-годишната девојка, која сега е мајка на едно дете, може да се пофали со богатство од 900. милиони долари што е „натрупано“ за помалку од три години, пишува Форбс.
Кајли Џенер нема професија,не е пејачка, ниту глумица, таа е едноставно позната.
Прво, младата девојка, се здоби со популарност во реалното шоу за животот на семејството Кардашијан.
Таа потоа станува многу популарна на социјалните мрежи, со над 100. милиони следбеници само на Инстаграм. Во просек, нејзината веб-страница дневно собира 4-5 милиони допаѓања.
Денес таа има и успешна козметичка компанија.
Кајли ја краси насловната страница на списанието Форбс за август, каде што изгледа како вистински бизнисмен. Наследничката на кланот Кардашијан е на 27. место во рангирањето на најбогатите жени во светот.
Џенер, која следниот месец ќе наполни 21. година, ќе стане најмладата милијардерка која сама го стекнала богатството, надминувајќи го дури и креаторот на Фејсбук, Марк Цукерберг, кој станал милијардер на 23. години.
Форбс тврди дека Кајли сама ги заработила своите пари, сепак, предизвикале неодобрување и станале причина за критики. Многумина се сеќаваат дека таа се’ уште е наследник на богато семејство и не почнала од нула.
Семејството побрзала да и го честита успехот на Кајли
Нејзината мајка, 62. годишната Крис Џенер, на социјалните мрежи, напишала дека се чувствува многу горда на својата ќерка. Семејството на Кајли брзо и го честитал успехот.
Покрај тоа што е млада милијардерка, Кајли е исто така млада мајка.
Во почетокот на февруари, таа го родила своето прво дете по неколку месеци кога ја криела својата бременост, правејќи огромен “шок” за медиумите и нејзините следбеници.
Огромниот успех на Кајли Џенер уште еднаш ја покажа огромната моќ на социјалните мрежи.