(ФОТО) Најголем кошмар за родителите: Вработени во градинка „уловени“ на камера како тепаат деца


Американците се згрозени поради видео снимката од градинката “Sider” во Кливленд, во сојузната држава Охајо, на која се гледа како воспитувачките крвнички тепаат бебе.
На снимката од 16. октомври убаво се гледа како 49.годишна воспитувачка фатила две годишно дете за рака и почнала да го тепа со пластична палка. Го удрила 22. пати, а потоа го фрлила на подот и продолжила да го удира. Останатите воспитувачки само мирно гледале како нивната колешка го тепа беспомошното две годишно дете.
Кратко потоа престанала, за 10. минути подоцна да го крене и да го одведе до масата за пресоблекување, од која грубо го треснала. Се’ се случувало околу 17. часот, а мајката по своето дете дошла во 21. часот.
Детето, кое се вика Амари Лејам, имало модринки по цело тело, па мајката веднаш го одвела во болница, повикала полиција и поднела пријава.
За жал, приказната не завршува тука. Кога ја прегледала снимката наредниот ден наутро, управничката на градинката, Октавија Мануел, забележала уште еден инцидент. Друга воспитувачка тепала 18.месечно девојче.
Двете воспитувачки веднаш биле отпуштени, но случајот и снимките од надзорните камери го преземала полицијата. Соопштено било и дека управата од градинката во целост соработува во истрагата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОНТЕ КОЛАЧ: Совршен чоколаден десерт што сите го сакаат, а лесно се прави и со едноставни состојки

Монте колачот е еден од оние докажани десерти на кои секогаш се враќаме. Главните причини …