Легендарниот холивудски актер Кери Грант се женеше пет пати, а жените едноставно го обожаваа. Меѓу нив беа и убавиците кои го пленија целиот свет, како Софија Лорен и Грејс Кели.
View this post on Instagram
Овој голем човек криел голема тајна.
Мистериозната врска на Кери Грант и Рендолф Скот
Кери Грант и Рендолф Скот имале многу посебна врска, живееле заедно 12 години и поседувале две заеднички куќи, од кои едната била на плажа. Тие уживале во меѓусебното друштво, се додека нивната врска не почнала да предизвикува сомнеж во јавноста, дека зад имиџот на двајца посакувани ергени кои заедно поминуваат „луди“ ергенски денови, а кои ги негувале во медиумите, всушност се крие нешто друго.
Бен Медокс, новинар, напишал текст кој прикривал но и сугерирал меѓу редови дека нивната врска е многу повеќе од само пријателство. Ова предизвикало лавина од злонамерни коментари кои филмската индустрија морала веднаш да ги потисне бидејќи во тоа време било многу лошо за имиџот.
Прикривање на шпекулациите за аферата
Кери Грант се оженил во 1934 година за да ги прикрие овие тврдења, а Рандолф Скот наводно паднал во депресија, кога дури и се обидел да се самоубие.
Меѓутоа, новиот брак на Кери траел само 14 месеци, а неговата сопруга тврдела дека тој бил насилен, незаинтересиран за интимниот живот и постојано под дејство на алкохол. По разводот, Кери Грант се вратил кај Рандолф Скот, а нивните публицисти сè покриле со серија текстови за тоа колку убави девојки и познати актерки се видени како ја напуштаат нивната куќа на плажа во ситните часови.
„Кого мисли дека измамува“, еднаш налутено прашала озлогласената трач колумнистка Хеда Хопер, алудирајќи на шпекулациите дека актерот е геј. Дебатата за вистинската природа на сексуалноста на Грант беснела речиси еден век.
Браковите како параван
Заедно имале седум пропаднати бракови. Ричард Блеквел, познат моден критичар, некогаш живеел со актерите и според неговото сведочење, тие биле длабоко и многу заљубени. Сепак, гласините за нивната врска повторно станале силни и тие морале повторно да се женат за да го прикријат тоа. Жените во животот на Грант, како и неговото единствено дете – ќерката Џенифер Грант, инсистирале дека тој е стрејт, но од друга страна имало сведоштва од геј мажи кои го тврделе спротивното. Или барем така посакувале…
View this post on Instagram
Тие никогаш повеќе не живееле заедно, но останале блиски пријатели до крајот на животот. Во текот на осумдесетите биле видени во познат ресторан каде што доаѓале. Тие имале маса во задниот дел од ресторанот каде со часови разговарале и се држеле за рака.
Шпекулациите за сексуалната ориентација продолжуваат и денеска. Иако се верува дека за тоа се зборувало во Холивуд во текот на неговата кариера, еден од неговите биографи, Чарлс Хајгам, тврди дека за сексуалните навики на Грант слушнал дури во 1965 година, од Марлен Дитрих која му рекла „никогаш не можев да бидам во врска со Грант затоа што е геј“.
На 82-годишна возраст, Кери доживеал силен мозочен удар додека се подготвувал за настап и за жал почина.
Фото: Архива