Оптичка илузија – пронајдете го местото каде што глушецот се сокрил меѓу печурките
Оваа илустрација е создадена од унгарскиот уметник Гергели Дудаш. На него има лавиринт од печурки, а зад една се крие глушец.
Ваквите илустрации, освен што се забавни за луѓето, им помагаат на научниците во нивното истражување и можат да им кажат многу за човечкиот ум и како тој реагира на околината, како и како функционира.
Spot the mouse in this optical illusion in 20 seconds to set a new record https://t.co/0ckNJFOoKP pic.twitter.com/3rhYoEXNV5
— New York Post (@nypost) June 29, 2022
Д-р Густав Кун, психолог и експерт за човечка перцепција од Универзитетот Голдсмит во Лондон, еднаш за The Sun изјавил дека можеме да користиме илузии за да разбереме многу работи поврзани со човечкиот мозок.
„Ние имаме тенденција да ја земаме перцепцијата здраво за готово и ретко размислуваме за напорната работа што лежи во основата на секојдневните задачи, како што е гледањето шолја кафе пред нас.
Некои велат дека го забележале глувчето по 20. секунди, некои по една минута, а ако сè уште се мачите да го најдете, тоа е на левата страна на сликата, приближно во средината, скриено зад една од печурките.