(ФОТО) На The Rock му недостасува сон, но има важна порака за родителите со истиот проблем!


Недостатокот на сон е проблем на бројни родители кои, поради обврските кон децата и во домот, не успеваат да спијат колку би сакале. Тоа е проблем со кој се соочува и познатиот глумец Двејн „The Rock” Џонсон кој е татко на три ќерки.
„Работев до доцна во ноќта и спиев само три часа кога ова торнадо влезе во нашата спална соба, скокна на мене и ме убеди да станам и да ја одведам во својот ормар во кој ги држи своите играчки за да си играме“, напишал покрај фотката на која во рацете ја држи двегодишната ќерка Јасмине.

https://www.instagram.com/p/BpbnsOdBr6_/?utm_source=ig_embed


Меѓутоа, девојчето наумило да прави нешто сосема друго.
„Влеговме во орманот и потоа изненадување – одби да си игра и само сакаше да ја држам додека испушта ветрови“, додал и потоа испратил важна порака на сите родители на кои вакви ситници тешко им паѓаат.

https://www.instagram.com/p/Bod8rH5hGGV/?taken-by=therock


„Пеколно сум уморен, но ќе дојде време, за неколку години, кога скокањето во моја прегратка ќе и биде последна работа на светот која ќе сака да ја прави бидејќи тоа повеќе нема да и биде кул. Затоа секогаш ќе уживам во ваквите моменти, додека можам“.

https://www.instagram.com/p/Bo04dc7BL95/?utm_source=ig_embed


46. годишниот глумец со девојката Лорен Хашиан ја има и шестмесечната ќерка Тиана Гиу, додека од бракот со бодибилдерката Дени Гарсиа ја има 16. годишната ќерка Симоне Александриа.

https://www.instagram.com/p/BpG79RyBDhP/?taken-by=therock

Фото:Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стотројка претставува: Концерт на Sophia Djebel Rose (Франција)

„Поезијата има смисла само кога се живее.” Саботна вечер исполнета со езотеричен сјај и темна …