(ФОТО) На отворањето на ОИ – Додека сите пишуваат за настапот на Лејди Гага во Париз, таа всушност не се појавила – се’ било однапред снимено


Лејди Гага беше една од ѕвездите на отворањето на Олимписките игри во Париз, но настапот што беше прикажан на ТВ и екраните на брегот на Сена беше претходно снимен.
Како што јавува АП, но и бројни француски медиуми, поради неизвесните временски услови, бил емитуван претходно снимен перформанс на скалите покрај брегот на Сена.

Некои француски медиуми пишуваат дека тоа е разочарување за 320.000 гледачи на свеченото отворање.


Пејачката по настапот се огласи на социјалните мрежи, но не се осврна на коментарите и прашањата зошто настапот е однапред снимен.


„Иако не сум француски уметник, отсекогаш сум чувствувал многу посебна врска со Французите и пеењето на француската музика – не сакав ништо повеќе освен да направам претстава што ќе го стопли срцето на Франција, ќе ја слави француската уметност и музика, и во една ваква значајна прилика да ги потсети сите на еден од најмагичните градови во светот – Париз“, изјавила Гага на социјалните мрежи.

Американската пејачка пееше на француски јазик, а присутните во Париз, но и гледачите на ТВ преносот ги поздрави со зборовите: „Добра вечер, добредојдовте во Париз“.
Потоа следеше разиграна изведба на песната „Mon Truc en Plumes“, придружувана од танчери на скалите покрај реката Сена.
Пејачката се појави во црно боди и црни потпетици, а танчерите беа облечени во црна облека со додатоци од пердуви кои им служеа за танцовата кореографија.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“ со Адам Сендлер и Џорџ Клуни, пристигнува на 5 декември

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“, го обединува она што ретко го гледаме …