(ФОТО) НА ОМИЛЕНАТА ПЕЈАЧКА НА ПУТИН и рекле дека мора да им помогне на СПЕЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИ и таа веднаш се согласила, следното што го знае е дека останала без стан вреден скоро 2 МИЛИОНИ ЕВРА

2024 година за Лариса Долина останала запаметена по страшната измама што ја чинела луксузен стан во Москва. Позната руска актерка и пејачка станала жртва на измамници кои ја убедиле дека им помага на специјалните служби и ја наговориле „фиктивно“ да го продаде нејзиниот стан. Набргу потоа имотот вреден 180 милиони рубљи (околу 1.900.000 евра) официјално го сменил сопственикот, а омилената пејачка на Путин ниту до денес не успеала да си ги врати правата на имотот.

За жал, историјата се повторила. Годинава мета на измамници била и 82-годишната руска актерка Елена Корм, позната од серијата „Карпов“. Нејзиниот стан од 48 квадратни метри, кој се наоѓа во самото срце на Москва, бил „продаден“ за само 14 милиони рубљи (помалку од 150.000 евра), иако неговата реална пазарна вредност била проценета на 70 милиони (околу 730.000 евра).


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Лариса Долина (@larisa.dolina.official)


Измамниците ја контактирале уште во септември 2024 година. Две недели ја убедувале да потпише договор за „привремена кирија“, а потоа ја Меѓутоа, подоцна се покажало дека не се работи за привремена, туку за доживотна рента, што значи дека измамниците сега имаат правна основа целосно да го преземат станот по смртта на актерката. Дури по неколку месеци Елена Корм ​​сфатила дека е жртва на сериозна измама.

Како што пренесува каналот Shot на Телеграм, актерката сега е во тешка ситуација. Таа не излегува од дома и води затскриен живот, а според соседите, роднините одамна не ја посетиле. Полицијата неодамна влегла во нејзиниот стан, укажувајќи дека таа покренала постапка за да се обиде да си ги врати имотните листови.
За потсетување, Лариса Долина се уште води правна битка за својот стан. Во ноември 2024 година се појавила последната надеж за решение на проблемот, кога адвокатот на Полина Лурја – актуелен сопственик на имотот на Долина – изјавил дека се подготвени за мирен договор. Сепак, до ден денес не се знае точно каква зделка имаат на ум.
Измамата со недвижности станал сериозен проблем во Русија, а на мета често се постарите и познатите личности. Експертите ги советуваат граѓаните да бидат крајно внимателни и да ја проверуваат секоја трансакција со недвижности со адвокати пред да потпишат каков било документ.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Д-р Беќаровски ги открива сведоштвата на хоспитализираните на Токсикологија: „Раскажуваат низ солзи како преку нив газеле други деца, бегајќи од пламените“

Докторот и екс-директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски информирал дека повеќе млади биле хоспитализирани …