Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ денеска на својот Инстаграм профил објави фотографии од Олимписките игри, а како што можете да видите зад неа седел познат холивудски пар.
Имено, Колинда Грабар-Китаровиќ заедно со сопругот Јаков Китаровиќ вчера го придружувале хрватскиот гимнастичар Аурел Беновиќ, кој на крајот го освои петтото место. Освен сопругот, друштво и правела и романската гимнастичарка Надија Команечи.
Сепак, фотографиите кои ги објави на Инстаграм привлекоа внимание поради фактот што зад неа и нејзиниот сопруг седеа актерот Рајан Гослинг и актерката Ева Мендес. Грабар-Китаровиќ ја искористича можноста да ја сподели оваа информација со своите следбеници.
View this post on Instagram
„Вчера се надевав дека ќе му доделам медал на нашиот Аурел Беновиќ, но тоа сепак ќе биде во некоја наредна прилика. Малку недостасуваше. Мојата драга пријателка Наида Команечи го бодреше со нас, а Ева Мендес и Рајан Гослинг уживаа и во гимнастиката“, рекла таа.
Инаку, Грабар-Китаровиќ од почетокот на Олимписките игри престојува во Париз. За тоа време и го додели златниот медал на џудистката Барбара Матиќ, а ги следеше и настапите на хрватските ватерполисти и полуфиналните и финалните мечеви на тенисерката Дона Векиќ.
Фото: Принтскрин/Instagram