Од 2004 до 2019 година, Италијанецот Матео Фарнети ја красеше корицата на многумина саканото чоколадо „Киндер“. Овој згоден млад човек денеска ги освојува срцата на многу дами кои го следат на социјалните мрежи.
Многумина со години мислеа дека на насловната страница се наоѓа Алесандро Егер, кој се натпреварувал во реалното шоу „La Talpa“. Тој споделил фотографии од Матео на социјалните мрежи, тврдејќи дека тоа е тој. Сепак, Матео проговорил и изјавил дека тоа е лага.
View this post on Instagram
„Она што не го разбирам е дека ако навистина работел за ‘Киндер’, зошто не ја покажува својата фотографија наместо да ја користи мојата? Не е пријатно да се види вашата фотографија од детството во рацете на некој друг кој се фали дека тоа е тој“, рекол.
После тоа слушнале од компанијата Фереро која го произведува овој десерт.
„Можеме да потврдиме дека лицето на детето прикажано на пакувањето од Kinder Chocolate од 2004 до 2019 година беше ликот на Матео Фарнети“, изјавиле тие.
View this post on Instagram
Матео е активен на социјалните мрежи каде го следат повеќе од 30.000 луѓе. Тој снима реклами за различни модни брендови, како и брендови за парфеми. Дамите го опсипуваат со комплименти под секоја фотографија што ќе ја објави.
View this post on Instagram
„Би сакала да се напијам кафе со тебе“, „Убави очи“, „Идеален тип на маж“, се само некои од нив.
Фото: Принтскрин/Instagram