АЈРЛАНД Болдвин, ќерката на холивудскиот актер Алек Болдвин, се огласи откако нејзиниот татко ненамерно ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Суза додека го снимал неговиот нов филм „Rust“.
Ќерката на Алек се огласи на Инстаграм и ги растажи сите со трогателната порака.
– Мојата љубов и поддршка одат на семејството и пријателите на Халина Хачинс. Испраќам исцелувачки мисли на Џоел. Да можев барем цврсто да го гушнам татко ми, особено денес – напишала таа.
Алек ја доби својата ќерка Ајрланд во брак со Ким Бесинџер, од која се разведе во 2002 година.
Фото: Принтскрин/Instagram